Како што информира секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, приоритет во програмата се дава на изградба на два кружни текови во населбата Рача и на улицата Бистрица.
– Ние имаме акционен план со над 100 проекти кои се разгледуваат , при тоа кружните раскрсници се во нашиот план за работа. Во тек е изработката на проектите за изградба на кружните текови на Бистрица и во Рача, по што ќе следи распишување на тендер и обележување на теренот, рече Спасески.
Според Локалната самоуправа изградбата на кружните текови ќе придонесе за поголема безбедност и ќе се овозможи поголем проток на сообраќај низ градските улици.