Општина Охрид распиша тендер за изградба на пешачка патека на западната страна на течението на река Грашница со почеток од мостот кај Бул. „Туристичка“ до мостот на ул. „Гоце Делчев“, како и тендер за изградба на пропусти (мостови) на реката Грашница над каменото корито што се изгради на ул. „Аџи Мустафа“.


Коритото на Грашница при крај, ќе се градат мостови и пешачка патека

Покрај овие, општината распиша уште два тендери за изградба на фекална канализација во Долно и Горно Лакочереј.

OhridNews