Министерството за транспорт и врски објави меѓународен повик за пријавување на заинтересирани компании кои би инвестирале во изградба на аеродром на вода на Охридското Езеро.

 
Владата на Република Македонија, преку постапка за доделување на концесија или постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, ќе избере приватен партнер или концесионер од приватниот или јавниот сектор кој ќе биде одговорен за имплементација и реализирање на проектот, преку јавно приватно партнерство или концесија.
 
Изјавата за интерес заинтересираните субјекти ќе може  да ја достават најдоцна 10 декември 2012 година.


 
Во објавеното меѓународно јавно барање е истакнато дека Охридско Езеро и Охрид се прогласени за светско наследство на УНЕСКО и претставуваат најпосетени туристички места во Република Македонија, а се потенцира и тоа дека со изградбата на аеродромот на вода ќе се овозможи подобра поврзаност на Охридското езеро и градот Охрид со останатите туристички дестинации на балканскиот полуостров.

– Аеродромите на вода на вода претставуваат атрактивен и корисен начин за туристите да патуваат од едно туристичко место до друго и со овозможувањето на изградба на таков аеродром во Охрид се очекува дополнително зголемување на бројот на туристи, потенцираат од министерството за транспорт и врски.

Барањето е објавено во дневните домашните и меѓународни печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.
 

OhridNews