При денешната посета на Охрид, директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, најави реализација на два значајни проекти кои ќе придонесат за растеретување на сообраќајот на регионалниот патен правец  Охрид- Свети Наум.


– Едниот проект се однесува на изградба на нова делница од бензиската пумпа „Билјанини извори“ до Пештани, која ќе го растерети овој регионален пат, а чиешто проектирање е во одмината фаза, изјави Георгиевски.

Деновиве е склучен договор и се отпочнува со проектирање за изградба и на магистрален пат од Пештани до границата со Република Албанија, што ќе биде со многу поголема широчина од постојниот, од 11 метри.

OhridNews