Македонските туристички потенцијали деновиве се дел од Саемот за туризам кој се одржува во Белград, Србија.
-За време на саемот беа остварени средби за соработка со тур-операторите Magelan Travel, Topone, Ponte Travel, додека со националната асоцијација на туристички работници на Србија – YUTA беа дискутирани можностите за интензивирање на соработката помеѓу тур-операторите од Македонија и Србија преку организација на регионални кружни тури од типот на вински и културни, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија..
Според статистиката, бројот на туристи од Србија во Македонија бележи константен раст од 4-6% на годишно ниво во последните 5 години, а за наредната година приватиот сектор од двете земји очекува тој тренд на раст да продолжи.
За 2016-та година земја партнер на саемот за туризам во Белград е Република Словенија, додека идната година е предвидено да биде Република Црна Гора. Очекувањата се дека во 2018-та година Македонија ќе биде земја партнер на белградскиот саем за туризам.
Саемот за туризам во Белград има 38 годишна традиција и на него годинава се претставуваат повеќе од 1000 излагачи, а само првиот ден го посетиле над 20 000 посетители.
OhridNews