
По отворање на постапката за избор на ново локално раководство на СДСМ започнува да тече рок во кој 33-те месни одбори на партијата во општина Охрид ќе можат да ги доставуваат своите предлози.
Изборот на ново раководство на општинската организација на СДСМ во Охрид доаѓа во чувствителен период, по убедливиот пораз што социјалдемократите го доживеаа на неодамна одржаните локални избори. Дали во охридскиот огранок на СДСМ ќе има суштински промени и новини или ќе дуваат стари ветришта, е отворено прашање. На терен веќе работат лоби групи и се преват математики, но бројките овојпат ќе ги собира новиот лидер на партијата Заев. Тој во својот прв јавен настап најави дека персоналните решенија во партијата ќе бидат внимателно избрани во консултација со базата.
Како ќе биде во охридскиот огранок на СДСМ каде актуелен претседател е Науме Јованоски, останува да се види.











