Трета година по ред во земјава, ќе се одржи манифестацијата „Сајт на годината“. И оваа година како претходната, интернет корисницте од државава ќе можат да номинираат веб-портали, а интернет посетителите  до 9-ти декември ќе можат да гласаат за своите фаворити.  Целта е да се потикне развојот на медиумите, а светксите експерти од областа на е-маркетингот ке го споедлат искуството преку еднодневната конференција.


Како што нагласуваат од организаторот, „Медиа солушнс“, најдобрите веб страници ќе се избираат во повеќе категории. Покрај гласовите на интернет посетителите,  стручното жири составено од експерти и професори,  ќе ги дадат најдобрите веб-портали за оваа година.

Настанот е во покровителство на Амбасадата на Република Словачка и здружението за интерактивен маркетинг ИАБ Македонија.

OhridNews