Општинскиот Совет за безбедност на патиштата, денес, ќе ја одржи последната седница за оваа година.

На седницата,меѓу другото, ќе бидат разгледани извештајот за одржаните активности кои Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, ги реализира во периодот јуни-декември  2015 година,ќе се изврши избор на заменик претседател на Советот,а ќе биде разгледана и информацијата за активностите на советот поврзана со Акциониот план за изготвување локална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во периодот 2015-2017 година.

OhridNews