Во следните четири месеци Универзитетот „Св. Кирил и Методиј треба да изготви национална стратегија за семејството. Обврската произлегува од денес потпишаниот меморандум за соработка помеѓу министрите за образование и наука и за труд и социјална политика, Панче Кралев и Спиро Ристовски, и ректорот на универзитетот, Велимир Стојковски.

Станува збор за стратешки документ кој ќе ги детерминира демографските проблеми во Македонија, ќе ја утврди конкретната состојбата со наталитетот, фертилитетот, миграцијата и ќе даде насоки за нејзино подобрување.

Во изработката на стратегијата ќе се вклучат голем број експерти, а ќе се работи и на усогласување на повеќе закони од релевантните сфери, здравството, образованието, социјалата и транспортот.

Стратегијата која треба да биде изготвена треба да ја детерминира фактичката состојба во земјата и да го утврди правецот во кој треба да се движиме, воедно да претставува и план кој треба да го следат и почитуваат сите институции.

OhridNews