Овој документ се однесува за два проекта – стручна обука на државни службеници во делот на изготвување и имплементација на закони и прописи и активности за еџ-пост евалуација на законодавството.
– Основната цел на проектите е јакнење на капацитетот и стручноста на админинстрацијата со цел да се обезбеди квалитетен, ефикасен и инклузивен процес за подготовка на законски и други процеси, како и воведување на еџ-пост евалуација на спроведувањето на законите. Со тоа ќе се овозможи натамошно унапредување на владеењето на правото во Република Македонија, рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски по потпишувањето на Меморандумот.
Тој нагласи дека ќе се обезбеди сеопфатна и одржлива обука за јавната администрација во областа на подготовки на закони и други прописи и за регулаторен менаџмент.
– Обуката како и лани ќе биде одржана на две нивоа – почетно и напредно ниво, а воедно ќе биде зголемена и групата на почетно ниво и обучувачите во таа област. Од таа група ќе бидат ангажирани обучувачи кои ќе спроведуваат каскадни обуки во областа на подготовките на законските и другите прописи за нивните колеги во администрацијата. Курсот за учење од далечина, што беше развиен лани, ќе биде надграден и достапен за сите државни службеници во земјава, рече министерот Ивановски.
Во рамки на проектот ќе бидат преземни и активностиза унапредување на учеството и консултациите со јавноста и засегнатите страни во законодавниот процес.