Специјална група составена од експерти по физичка култура и образование и од надлежните институции во државата која врши контрола на квалитетот на часовите по физичко воспитување, најави премиерот Никола Груевски.

– Има многу професори и наставници по физичко образование што многу
професионално и совесно си ја вршат работата и ги учат децата за сите
спортски дисциплини и вештини, посветени се и работат со нив, се
обидуваат секое дете да го научат да биде подобар спортист и да научи
подобра вештина. Но, има и такви кои се целосно незаинтересирани и не ги
следат програмите или народно кажано ќе им ја фрлат топката на децата
на час по физичко образование и ќе одат да си бркаат друга работа. Тоа
не е добро, додаде Груевски.

Премиерот ќе заседава со формираната група на експерти од оваа област, со
цел да се подобри наставата по физичко образование.

Груевски истакна дека во план е да се воведе и четврти час по физичко образование, но претходно треба да се создадат услови за тоа, односно да се изградат спортски сали и мултифункционални игралишта во училишптата.

OhridNews