Министерството за транспорт и врски подготви Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба, кој од 05.12.2012 година ќе објавен на web-страната на министерствто www.mtc.gov.mk и веб-страната на единствениот национален регистар на прописи – ЕНЕР, www.ener.gov.
 
Можат да се доставуваат коментари, мислења и предлози во врска со изработениот Предлог на закон, на адреса : ул. „Даме Груев“ бр. 6 во зградата на поранешно Министерство за надворешни работи или на е-маил [email protected].
 
Одговорно лице со кое може заинтересираните да контактираат во врска со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за  внатрешна пловидба е раководителот на охридската Капетанија на пристаништа, Горан Устијаноски.

Коментарите и предлозите пожелно е да се достават до 10 декември 2012 година.

OhridNews