Како што потенцираат од министерството, станува збор за четиригодишен проект што ќе се спроведува во текот на целата година, а со кој ќе бидат опфатени не само пациентите, туку и здравствените работници.
Предвидено е една анкета да биде наменета за корисниците на здравствени услуги, односно за сите категории пациенти и нивните блиски роднини и за нивната перцепција за здравствените услуги. Со вториот прашалник ќе бидат опфатени здравствените работници кои ќе треба да одговорат како тие го оценуваат здравствениот систем, работата на здравствената установа, опремата со која располага установата и хигиената во неа, како и работата на менаџерскиот тим. Третиот прашалник се однесува на мерењето на задоволството кај пациентите кои престојувале во болница, односно пациентот заедно со отпусното писмо ќе треба да одговори на прашалник во кој ќе го оцени персоналот и услугата што му била дадена за време на болничкиот престој.
Со истражувањето ќе бидат опфатени околу 12 илјади испитаници и се очекува да се добие висока точност на резултатите.
Освен овој проект, министерството предвидува иреализација на ороектот т.н. „пациент“ кој е замислен така што истражувачи во улога на пациенти ќе треба да оценуваат повеќе сегменти на здравствената услуга.
.