Наградите кои ќе бидат доделени во четири категории, Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, ќе ги врачи за тековнава година. Ќе се избира волонтер на годината, организатор на волонтерска работа, волонтерска практика како и национална награда за медиумите кои придонеле за промовирање и подршка на волонтерството во земјава.
Исто така,ќе се одржи и манифестацијата “Денови на занаетчиството”, чија примарна цел е да се промовираат можностите и услугите кои ги нудат занаетчиските комори земјава. Овој настан е во организација на Занаетчиската комора на Република Македонија (ЗКРМ).