Координативното тело за решавање на проблемот со оштетената брана на Слатинско езеро, составена од стручни лица од утрово е на терен, со цел да се изнајде соодветно решение за проблемот.

Стручните екипи вршат подготовки за отстранување на бетонскиот преливник, со што според проценките, ќе дојде до намалување на нивото на вода во акумулацијата за околу два метри. Со тоа, значително ќе се намали притисокот на водата врз земјената брана каде оштетувањата се зголемуваат од час во час.


Низ неа и денес истекуваат поголеми количини вода и се стравува дека таа може да се урне, што би предизвикало неконтролирано излевање на езерото и поплавување на големи површини плодно земјоделско земјиште и имоти од околните села.

OhridNews