Со одлука на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се наплаќа надоместок за влез во тритие национални паркови во земјава, Галичица, Маврово и Пелистер.
Како што истакна ресорниот министер на денешната прес-конференција, Владата ги потврдила заложбите на националните паркови за поголемо вреднување на природните богатства на Република Македонија и со тоа обезбедување средства за уште поголема нивна заштита.
„Се надевам дека надоместоците нема да се разберат како пречка во остварувањето на правото на посета на националните паркови, туку како личен придонес во заштита на природното богатство во РМ. Одговорното однесување при престојот и понатаму ќе биде основно правило за влез во паркот.“ – изјави Адеми
Според Адеми, донесените одлуки се во согласност со позитивните законски прописи, односно точно ги дефинираат формите и категориите на надоместоците кои ќе треба да се плаќаат при влез во националниот парк, за престојување или за паркирање на возилата и за искористување на плодовите од шумите во националните паркови.
Согласно одлуките, од плаќање на надоместоци се ослободени лицата кои имаат живеалишта на подрачјето на НП.
OhridNews