Владата во наредните недели ќе објави повик за авиокомпании кои ќе добијат субвенции со цел да отворат нови линии, најави премиерот Никола Груевски.

– Оваа година најмалку шест линии ќе бидат отворени, можеби дополнителни и следната година. Интерес има, ние веќе анимиравме неколку компании да знаат и да се јават така што имаме сигнали дека некои од нив ќе се јават на повикот. Веруваме дека нема да пропадне овој меѓународен повик и дека ќе има интерес од некои од компаниите, така што некаде најдоцна од оваа есен ќе почнат нови линии и со тоа аеродормот ќе добие поголем број на патници, поголем  промет и граѓаните на Македонија ќе имаат можност да добијат повеќе дестинации со нискотарифни летови, изјави премиерот Груевски.

OhridNews
извор: МИА