Таа е висока 2,03 метри, а тој 1,63 и неодамна се вериле. Највисоката тинејџерка на светот, 18-годишната бразилка Елисани да Крус Силва, рекла „да“ кога нејзиното момче. 23-годишниот Франсиналдо ја запросил на плажа. Разликата од 40 сантиметри ниту малку не им претставува проблем, бидејќи, како што истакнуваат, љубовта е поважна од се.
Во врска се веќе три години и заедно живеат во мала куќа во Салинополис. Заљубеното момче раскажало дека отсекогаш сакало да има висока девојка, а потоа Елисани влегла во неговиот живот и се совршено се поклопило. Елисани единствено се плаши дека поради синдромот гигантизам, од кој пати од раѓањето, нема да може да роди. За Франсиналдо ниту тоа не е проблем. вели дека доколку не би можела, ќе посвојат, бидејќи обајцата сакаат многу деца.