Во насока на зајакнување на туристичката промоција на Охрид во Велика Британија, охридската локална самоуправа планира да организира туристичка промоција на Охрид во Лондон и да земе учество на еден од најголемите туристички саеми „Дестинатионс“, кој ќе се одржи од 4-ти до 7-ми февруари 2016 година во оваа европска метропола. На оваа престижна саемска манифестација секоја година се претставуваат најпознатите светски туроператори.

-По воведувањето на авио линијата Охрид – Лутон (Лондон) од јуни 2015, за која охридската локална самоуправа субвенционираше дел од финансиските средства, се повеќе се засилува промоцијата и застапеноста на Охрид на британскиот туристички пазар. Некои од британските туроператори веќе започнаа да го нудат нашиот најголем туристички центар како дел од своите туристички пакети за сезоната 2016, информираат од општина Охрид.

Оттаму потенцираат дека токму поради овие причини во текот на наредната година се очекува зголемување на бројот на британски туристи кои ќе одмараат на Охридската ривиера.

OhridNews