Со црковни обичаи, во понеделник на пладне, ќе биде осветена новоизградената порта на влезот од манастирскиот комплекс во Св. Наум.
Осветувањето на портата ќе го изврши митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.
Во изјава за медиумите дадена деновиве, владиката Тимотеј истакна дека полека се надминуваат проблемите околу добивање на потребните одобренија за реализација на проектот во Св. Наум, во рамки на кој се врши уредување на компексот кој ќе добие целосно нов лик.
-Мислам дека финишира процесот на комплетирање на документацијата, изготвен е целосен проект и се надеваме дека до главната сезона се ќе биде завршено и ќе ја добиеме комплетната потребна документација.-рече владиката Тимотеј.
Г.М.
фото: Емилио