Во текот на месеците јуни и јули 2014 година, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе спроведе оценка на спроведувањето на законските регулативи во Националниот парк „Галичица“. Вакво оценување, Министерството ќе спроведе и во националните паркови „Маврово“ и „Пелистер“. Преку оваа оценка ќе се овозможи идентификување на недостатоците во регулативата и проблемите во нејзиното спроведување и ќе може да се добијат насоки за нејзино подобрување.

-Законот за заштита на природата е донесен во 2004 година и истиот влезе во сила во 2005 година. Заради утврдување на степенот на спроведување на делот од законот со кој се регулира системот на заштитени подрачја, се пристапи кон спроведување на оцена на регулативата-ОСР. Обемот на ОСР е ограничен на оценка на процесот на спроведување на Законот за заштита на природата, делот кој се однесува на заштитените подрачја поточно Категорија-Национален парк. Во таа насока ОСР ќе биде насочена кон оцена на спроведувањето на постапката за прогласување на заштитено подрачје-Национален парк. Друго прашање кое ќе биде опфатено е изготвувањето и донесувањето на планови за управување со заштитено подрачје-Национален парк, режимот на заштита  и спроведување на мерките на заштита, пишува во информацијата која е објавена на веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според планираното од 5-ти до 10-ти јуни 2014 година ќе се формира работна група за спроведување на оценувањето. Од 10-ти јуни до 10-ти јули ќе се изврши собирање и анализа на податоците, а од 10-ти јули до 30-ти јули ќе биде  подготвен Извештајот за оценка. 

OhridNews