ОУ „Дебрца“ во Белчишта, во соработка со локалната самоуправа, а под покровителство на градоначалникот Игор Трајкоски и директорката на Јавно комунално претпријатие, Јасмина Мицкоска започнаа со реализација на Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, со цел потикнување на еколошката свест кај населението на Општина Дебарца.

Со проектот, кој ќе се спроведува од денес до крајот на месец март, предвидено е истражување за еколошката состојба во Општина Дебарца.
Во активностите учество ќе земат учениците од основното училиште Дебарца со подрачните училишта од селата Злести, Лешани и Велмеј, како и родителите и жителите од општината.

Предвидено е поставување канти означени според содржината на отпадот, собирање семенски материјал, одржување јавна трибина за едукација на населението, делење флаери со еколошки пораки, расчистување диви депонии, сортирање на отпад и рециклирање.

OhridNews