Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на 21- ви септември (сабота) се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населба „Билјанини Извори“.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Од јавното претпријатие велат дека минатонеделната акција која се спроведе во централниот град на градот поминала со одличен одзив, при што биле подигнати  8 метри кубни кабаст отпад.

OhridNews