Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на ден 19- ти октомври, сабота, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населба „ Видобишта“ .

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

OhridNews