Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните дека утре, 14-ти јуни ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населбата „Воска„ и комплексот згради и куќи во населбата „Далјан“.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
OhridNews