Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на 20- ти април, сабота, се организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од населба „Билјанини Извори“.
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.











