Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на ден 27- ми април, сабота, се организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  од населба „Гоце Делчев“- Бараки.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Од јавното претпријатие непоменуваат дека во месеците мај и јуни продолжуваат со акциите за подигнување кабаст отпад.

– Поради претстојните Велигденски празници акцијата за кабаст отпад за „Стар Град„ која беше предвидена да се реализира на 4- ти мај е одоложена и ќе се спроведе на 11- ти мај, за што граѓаните ќе бидат навремено известени, велат од јавното претпријатие.

OhridNews