Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека утре, 15- ти декември, се организира акција за подигање на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од населба „Црногорци“ .
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад да го уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.











