Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на ден 17.11.2012 год.(сабота) се организира акција за подигање на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) во населбите „Христо Узунов„ , „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„ .
Се молат граѓаните кои живеат во овие делови од градот, доколку имаат ваков отпад да го уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.











