Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека утре, 24- ти ноември, се организира акција за подигање на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  во населбите „Воска“ и „ Даљан“ .

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

OhridNews