Во текот на наредните две години во неколку охридски села и населби ќе бидат изградени потпорни ѕидови. Според Програмата за уредување на градежно земјиште од 2015 до 2017 година, вакви инфраструктурни пректи ќе бидат реализирани во селата Косел, Пештани, Коњско, Завој и Велeстово, како и во населбите „Свети Стефан“ и „Рача“.
Оваа програма е изработена од Секторотза комунален развој, сообраќај и улици и има за цел да ги одредува насоките за решавање на комуналните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
-Програмата го продолжува континуираниот развој на општина Охрид и зголемените инвестициони активности на општината во изминатиот период. Изработена е врз основа на анализите направени за можната реализација на урбанистичките планови во наредниот период, писмените забелешки на граѓаните, разговорите со дел од жителите на општината и редовните контакти на Градоначалникот и стручните служби, со одборите на месните и урбаните заедници, пишува меѓудугото во појаснувањето на Програмата за уредување на градежно земјиште.
Освен изградбата на нови потпорни ѕидови, општина Охрид во наредниот период планира да издвои и средства за санација на потпорни ѕидови во стариот дел на Охрид.
OhridNews












