На 20- ти ноември, среда, во организација на Здружението на риболовци спортски клуб  „Пастрмка“ Струга , а под надзор на охридското Одделение за рибарство и аквакултура при Државниот инспекторат за сточарство, со 1000 примероци пастрмка ќе се изврши порибување  на Вевчанска река.

Порибувањето ќе започне во 10 часот. Станува збор за автохтона речна пастрмка, а примероците од подмладокот со кој ќе се врши порибувањето се со просечна тежина од 10 грама.  Мора да се напомене дека порибувањето ќе се врши со поддршка на градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски, изјави Јован Бојчовски од охридското одделение за рибарство и аквакултура.

Пастрмката со која ќе се врши порибувањето се одгледува во мрестилиштето „ Шум“ во Струга.

OhridNews