Струшката локална самоуправа планира да потроши околу 12.000 евра или точно 762.711,86 денари за новогодишно украсување на Струга. За таа цел на почетокот на месецов преку Електорнскиот систем за јавни набавки по втор пат е објавен јавен оглас за оваа намена. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската понудена цена, а понудите ќе може да се достават најдоцна до понеделеник 14-ти декември 2015 година.
Инаку во рамки на Новогодишната програма која ја усвои советот на општина Струга на 33-та седница, планирани се околу 48.000 евра или 3 милиони денари од буџетот на општина Струга за новогодишните празнувања. Во програмата е предвидена организација на културно-забавната програма на струшкиот плоштадот за дочекот на Новата 2016 година, планирано е да бидат издвоени околу 10.000 евра или 650.000 денари. Исто така планирано е и доделување на штедна книшка во износ од 10.000 денари за првото новороденче во општина Струга, како и набавка на рекламен материјал и други новогодишни подароци во износ од 187.000 денари.
За новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства, за децата со специјални потреби и за децата од вработените во општинската администрација планирано е да се потрошат околу 4.800 евра или 300.000 денари. Ист износ на средства се предвидени и за печатење на Новогодишни календари. Исто така во Новогодишната програма е предвиден и трошок за свечена вечера или ручек за членовите на Советот на општина Струга.
OhridNews