Охридската локална самоуправа планира да потроши околу 1.300 евра или точно 84.745,76 денари за набавка на услуги за Организирање и изведба на пиротехнички огномет по повод пречекот на Новата 2016 година на Градскиот плоштад.

За таа цел деновиве преку Електронскиот систем за јавни набавки е објавен јавен оглас, а критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската понудана цена. Понудите ќе може да се достават до 9-ти декември 2015 година до 13 часот.

Од општина Охрид информираат дека Програмата за дочекот на Новата 2016 година се уште се подготвува и наскоро ќе биде објавено кои естрадни ѕвезди ќе се погрижат за забавата на охриѓани и туристите кои ќе одлучат новогодишната ноќ да ја поминат на охридскиот плоштад.

OhridNews