„Поттикнување на младинското учество во изборните процеси“,е насловен новиот проект на коалицијата на Младински организации „СЕГА“, чија реализација ќе трае до март 2013 година, а ќе се спроведе и во Охрид.

Целта е преку проектот да се промовираат демократските вредности и да се поттикне младинското учество во престојаните локални избори.

Во првата фаза од проектот ќе се вклучат младите луѓе за детектирањето на актуелните локални проблеми во областите: образование, невработеност, младинско учество и организирање, култура и младинско информирање и носење  конкретни предлози и решенија за утврдените проблеми. Заклучоците од активностите ќе бидат доставени и интегрирани во  политичките изборни програми за Локалните избори 2013 година. Во втората фаза од проектот се планирани сет поемотивни активности со цел да се мотивираат младите луѓе да го искористат своето право на глас на локалните избори.

Освен во Охрид проектот ќе се реализира и во Прилеп, Куманово, Скопје, Тетово, Кавадарци, Штип и Струмица.

OhridNews