Како што информира Бирото за јавни набавки, ќе се овозможи повторување на електронската јавна аукција за набавка на возила за потребите на МВР, затоа што поради технички пречки на системот, на вчерашната аукција понудувачите биле оневозможени да поднесат нови намалени цени во текот на последните минути од аукцијата.

Првично, по завршувањето на вчерашната аукција беше соопштено дека полициските крајслери ќе ги заменат возилата Сеат алтеа, на фирмата „Ка-дис“ која на електронската аукција дала најниска понуда на огласот за набавка на 150 возила, при што понудила цена од 209 милиони 750 илјади денари.

По завршувањето на аукцијата, следуваше реакција од компанијата Порше Македонија која го оспори изборот на нови полициски возила и најави соодветна жалба до бирото за јавни набавки и до Тендерската комисија при МВР.Порше Македонија обвини дека и било оневозможено учеството на е-аукција за Тендерска постапка за набавка на 150 моторни возила во Полициска изведба. Оттаму тврдеа дека доставиле пониска цена од наведената на аукцијата, но им бил оневозможен пристапот до веб страната.

OhridNews