На потегот од каналот Студенчишта до Горица Парк, локалната самоуправа ќе прави модерна променада, шеталиште кое според најавите на градоначалникот Никола Бакрачески , ќе биде едно од најубаво уредените во Македонија. 

 

Се надевам дека за кратко време ќе биде подготвена планската документација по што ќе може да започнат и градежните работи на патеката. Дел од средствата ќе бидат обезбедени од Европската банка за обнова и развој, кои секторот за туризам и локален економски развој ќе ги обезбеди за таа намена. На овој потег  предвидено е да има патека за пешаци,  велосипеди, ролери, просторот ќе биде хортикултурно уреден, ќе бидат поставени нови клупи за седење и канделабри, каде охриѓани и гостите ќе може секојдневно да се рекреираат, изјави градоначалникот Бакрачески.

Од локалната самоуправа најавуваат и уредување на просторот помеѓу двете коловозни линиии на патниот правец од Охрид  до Свети Стефан.

Т.К.