Градоначалникот Никола Бакрачески најави преиспитување на оправданоста од функционирање на јавното претпријатие „ Погребални услуги“, кое во моментов брои двајца вработени.

– По преземањето на мандатот веднаш дадов налог, да се изврши анализа на работењето на јавните претпријатија, вклучувајќи го и работењето на ЈП „ Погребални услуги“. Се согласувам дека во овој момент не ја гледам оправданоста од едно вакво претпријатие, но стручните служби во Општина Охрид ќе подготват финални анализи врз основа на кои во иднина ќе донесеме конечен суд за тоа што понатаму ќе правиме со ова претпријатие, изјави градоначалникот Бакрачески.

OhridNews