
-Ќе го стопираме проектот за да најдеме заедничко решение. Не би дозволиле таму да се гради надвор од законските норми и да предизвикува тоа етнички тензии. – изјави министерот за култура Роберт Алаѓозоски.
Алаѓозовски посочи дека не е добро ваквите прашања да се експлоатираат за покренување на меѓуверски и меѓуетнички тензии додавајќи дека културното наследство треба да спојува, а не да разделува. Најави дека Министертвото ќе постаува во насока на смирување на тензиите, а реконструкцијата на Али Пашината ќе се спроведе во рамки на законските процедури.
OhridNews











