Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денеска имаше работна средба со амбасадорката на Република Македонија во Јапонија, Андријана Цветковиќ. На средбата се разговарало за неколку нови иницијативи за продлабочување на соработката на Охрид, со неколку градови во Јапонија.
Станало збор и за гостување на познати јапонски уметници на фестивалот „Охридско лето“ како и за потпишување меморандум за соработка меѓу Хидробиолошкиот институт и Природниот музеј од Бива, град кој се наоѓа покрај едно од најстарите езера во светот.
Исто така било разговарано за реализацијата на проектот за ревитализација на колекторскиот систем кој се имплементира со помош на Јапонската агенција за меѓународна соработка ЈИЦА и отворање на нови можности за привлекување инвестиции, особено во областа на туризмот.
OhridNews