
Со новите измени се предвидува и пролонгирање на рокот за граѓаните кои своите тераси ги претвориле во станбени објекти или простории за домување, а немаат поднесено барање за нивно легализирање, тоа да можат да го направат до крајот на 2015 година.
„Предвидено е до јуни да бидат поднесени околу 400 илјади барања за легализирање. Досега се поднесени околу 100 илјади геодетски елаборати. Владата реши на граѓаните да им излезе во пресрет, со цел нивниот имот и објектите кои се дивоградби да можат да ги легализираат”, рече Бајрами.
OhridNews











