
За та цел ќе се сече дел од појасот на трска непосредно до влезот на каналот, информират од Kапетанијата на пристаништата. Со тоа, сметаат надлежните, ќе се овозможи побезбеден проток на пловни објекти од и кон каналот Студенчишта.
Во недостиг на марина, каналот Студенчишта е најголемо паркиралиште на пловни објекти на Охридското Езеро, а голем дел од нив одамна не се во функција. Екологистите кои постојано реагират на лошата состојба во која се наоѓа каналот Студенчишта, бараат тој да биде прогласен за заштитена зона со статус како изворите во Св. Наум.











