Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид на 11.07.2011 год. и 12.07.2011год. во раните утрински часови ќе изврши прскање на дрворедите од липи на територијата на Општина Охрид против лисна вошка со средството a.m. tiakloprid  480 g/l.

Од јавното претпријатие за акцијата ги известуваат граѓаните на Охрид, а особено пчеларите, бидејќи пчелите се чувствителни на средствата со кои се врши прскање на дрвјата.

Пчеларите во минатото реагираа на начинот на кој се врши прскањето на липите птотив лисна вошка, а особено на средството кое се употребува за таа цел, посочувајќи дека дел од хемиските препарати кои сеуште се употребуваат кај нас се високо токсички и одамна се исфрлени од употреба во развиениот свет.

Пчеларите предупредуваат дека во светот секојдневно исчезнуваат одгомен број пчели, за што науката сеуште нема одговор за причините поради кои тоа се случува.

-Како главна за исчезнувањето на пчелите е новата болест која ги напаѓа и за која никој во светов не може да потврди што е причинител на истата. Нема симптоми, нема траги на болест туку едноставно нема пчели во кошницата. Во кошницата има доволно мед, полен па и легло, но пчели нема. Тоа би било исто како во една фамилија родителите да остават се во куќата, дури и сопствените деца и да заминат без трага. Вакво исчезнување се случува низ цел свет, не само во Охрид а причината никој засега не ја знае. На оваа појава работат тимови составени од светски научници но досега немаат откриено ништо.-објаснува експертот Сашо Апостолоски (pcela.mk) во сторијата за драматичното исчезнување на пчелите, објавен неодамна на ОhridNews.

Поради исчезнувањето на пчелите  во Америка минатата година производството на овошје е намалено за една третина. Општо е познато дека ако во еден момент ги снема пчелите на човештвото му остануваат уште четири години а потоа ќе изумре од недостаток на храна.

OhridNews