Ќе се расчистуваат дивите депонии во Охрид и околината
20.07.12 00:14
Ј.П.”Охридски Комуналец” денеска ќе започне акција за расчистување на дивите депонии на локации и места чие одржување не е во ингеренции во јавното претпријатие.
-Акцијата се спроведува на иницијатива на градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, и има за цел да се расчистат депониите кои создаваат негативен впечаток за Охрид како туристички центар, иако Локалната самоуправа многу вложува во туризмот и привлекување на странски туристи, информираат од јавното претпријатие.
Акцијата денеска ќе започне со чистење на појасот околу магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од сообраќајната клучка при влезот во Охрид до охридскиот аеродором “Св.Апостол Павле”. Ќе се расчистуваат мини-депонии од градежен шут и расфрланиот отпад, а исто така ќе се искоси тревата околу магистралниот пат, за што ќе бидат ангажирани 20 вработени и специјална механизација.
Во сабота ќе биде спроведена акција за чистење на крајбрежниот појас во населба Даљан, во близина на х.Магнус.
-Иако со голем дел од овој простор стопанисува правен субјект, никој не се грижи за одржување на хигиената, па затоа во сабота ќе се расчистува овој простор, објаснуваат од „Комуналец“.
Од 30. јули Ј.П.”Охридски Комуналец” ќе ангажира свои вработени за одржување на јавната хигиена на појасот околу магистралниот пат Скопје-Св.Наум, на потегот од аеродором “Св.Апостол Павле” до Св.Наум.
-Се надеваме дека со ваквите акции ќе се разбуди еколошката свест кај поединци и дека диви депонии нема да ги пречекуваат добронамерниците во најголемиот македонски туристички центар, додаваат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Благоја Спиркоски е нов играч на ГФК Охрид Лихнидос Спиркоски доаѓа од редовите на Кожуф и за нас претставува капитално засилување во борбата за прва лига, велат од клубот Благоја настапува на пози...
Дамјан Серафимов од ГФК Охрид е прогласен за „Најдобар голман“ на есенската полусезона во 2 македонска фудбалска лига според изборот на 2 МФЛ Чуварот на мрежата на „рибарите“ на 15 одиграни натпрев...
25-годишниот хрватски ракометар Џанфранко Прибетиќ ново засилување на ГРК Охрид Како што информираат од клубот Прибетиќ игра на позицијата пикер Со Охрид потпиша 2,5 годишен договор Прибетиќ во Хрв...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.