Локалниот пат кој ги поврзува селата Злести и Лешани во иднина ќе биде рехабилитиран и обновен. За таа цел надлежните служби во општина Дебарца деновиве објавија Јавен оглас за изработка на Техничка документација за рехабилитација на ова патно поврзување.

Според огласот кој е објавен преку Електронскиот систем за јавни набавки, изработката на документација ќе чини околу 4.000 евра или точно 250.000 денари.

Согласно процедурите, откако ќе биде изработена техничката документација ќе се објави Јавен повик преку кој ќе се побара изведувач на оваа инфраструктурна активност.

Крајниот рок за доставување на понудите за изработка на техничка документација е понеделник 2-ри февруари 2015 година.

OhridNews