Министеретвото за транспорт и врски најави дека во наредниот период ќе бидат инвестирани 86 милиони евра за реконструкција на патната мрежа во земјата.

-Во наредниот период фокус ќе ставиме на реконструкција на 26 патни правци, дел автопати, поголем дел регионални патишта со вкупна должина од преку 420 километри, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Меѓу најавените реконструкции е и патниот правец Подмоље-Струга-Ќафасан во должина од 19 км, со проценета вредност од 3 милиони евра. 

OhridNews