Охридската локална самоуправа во текот на наредниот период планира да спроведе активности за Реконструкција и санација на улици и потпорни ѕидови во стариот дел на Охрид.
За таа цел деновиве преку Електронскиот систем за јавни набавки беше објавен Јавен оглас, чија вкупна вредност е околу околу 95.000 евра или точно 5.843.000 денари. Критериум за избор на изведувачот ќе биде најниската понудена цена, а рокот за поднесување на понудите истекува на 29-ти февруари 2016 година.
Исто така Охридската локална самоуправа преку Електронскиот систем за јавни набавки деновиве објави и јавен повик за доуредување каналот на реката Грашница јужно од булеварот „Туристичка“ покрај улицата „Аџи Мустафа“. Овие активности се во вредност од 8.500 евра или точно 522.613 денари. Освен уредување на каналот на река Грашница, во рамки на овој повик е опфатено и уредувањето на речното корито во село Пештани.
Градежните активности за реконструкција и уредување на коритото од каналот на река „Грашница“, јужно од булеварот „Туристичка“ започнаа на крајот на октомври 2015 година и ги изведуваше компанијата „БОКОП“ која беше избрана за најповолен изведувач. Градежните активности се вршеа по целата должина на каналот од 280 метри.
OhridNews
.