По завршувањето на денес одржаната средба во Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, изјави дека во консултација со синдикатот ќе се направи соодветна адаптација на работното време и ќе се изврши корекција на програмите по кои работат детските градинки.

Ќе има реорганизација, соодветна на потребите на родителите од една страна и на капацитетите на детските градинки од друга. Голем дел од начинот на организација на работата на детските градинки не е променет повеќе од 30 години, а во изминатите години родителите одат и остануваат подоцна на работа, децата имаат поинакви потреби така што тоа е систем што ќе треба етапно да се реформира, но тоа ќе го направиме со поддршка на синдикатот, истакна Ристовски.