Општина Охрид ќе биде дел од акцијата на Министерството за животна средина „ Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ што ќе се одржи на 21- ви март, петок.
Локалната самоуправа во соработка со ЈП „ Охридски комуналец“ ќе организира граѓанска акција, во која на претходно определени јавни парковски површини ќе се засадат рози, а во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети. Во дворовите на основните училишта, во рамките на акцијата, ќе биде организирано и засадување на рози.
На 21-ви март, под мотото „ Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ во сите региони ќе бидат засадени 100 илјади рози.
OhridNews












