Романот „Свадбата на седумте Цигани“ е единствената книга од А. ден Долард, која е преведена на македонски јазик, а во неа е опишана љубовната приказна помеѓу една млада охриѓанка и фотограф кој конечно успева да ја најде љубовта на својот живот. Ден Долард при честите посети во Охрид стекнал многу пријателства и познанства, а токму неговата воодушевеност од Охрид е причината за добрите македонско – холандски врски.
Споменикот беше откриен во 2006 година, а на свеченоста присуствуваа и потомците на А. Ден Долард од Холандија.